Skip to content Skip to footer

ЈАВЕН ОГЛАС За ангажирање на фирма за продукција и снимање на видео подкаст

ЈАВЕН ОГЛАС

За ангажирање на фирма за продукција и снимање на видео подкаст

 

Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари објавува јавен оглас за прибирање на понуди од правни лица (студио за снимање, маркетинг агенции и други компании кои нудат услуги за аудио-визуелна продукција) за реализација на видео подкаст во рамките на проектот „Социјално претприемништво за млади Ромки (ROMANSE)“, поддржан од ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија.

Предмет на набавката

Давателите на услуги се обврзуваат да ги обезбедат следните услуги:

  1. Продукција на подкаст

Снимање на еден (1) видео подкаст за проектот ROMANSE

Времетраење на епизода приближно 1 (еден) час

Обезбедување професионална опрема за снимање (камери, осветлување и микрофони)

Монтажа и постпродукција на секоја епизода

  1. Кратки видеа за социјални мрежи на проектот ROMANSE
  • (две) reels/highlight видеа од епизода

Карактеристики на подкастот

  • Времетраење: приближно 60 минути;
  • Формат: видео подкаст;
  • Локацијата на снимањето ќе биде договорена дополнително со избраниот понудувач;
  • Терминот за снимање ќе биде утврден во договор со нарачателот.

Критериуми за избор

Предност ќе имаат понудувачи кои:

  • Имаат искуство во снимање на подкасти, интервјуа или слични видео продукции;
  • Доставуваат портфолио со претходно реализирани проекти;
  • Нудат најповолна финансиска понуда во однос на квалитетот на услугата.

Потребни документи

Заинтересираните компании треба да достават:

  • Финансиска понуда;
  • Краток профил на компанијата;
  • Портфолио или линкови до претходно реализирани проекти;
  • Контакт лице и контакт информации.

Начин и рок на пријавување

Понудите треба да се достават по електронски пат на e-mail: inicijativanazeni.sutoorizari@gmail.com , најдоцна до 20.05.2026 година.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на телефон 070385831  или на наведената e-mail адреса.

 

Leave a comment

E-mail
Password
Confirm Password