ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
Здружението за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ – Скопје за потребите на проектот “Социјално претприемништво за млади жени Ромки (РОМАНСЕ)“, објавува: повик за графички дизајнер
Проектот вклучува активности за развој на социјално претприемништво на жени Ромки и е поддржан од Европската Унија, во рамки на програмата ЕУ поддршка на граѓанското општество и медиумите во Република Северна Македонија.
Предмет на ангажманот
Ангажираното лице ќе биде задолжено за изработка на следните графички материјали:
Дизајн на двостран флаер
Дизајн на постер (А4 формат)
Дизајн на лого
Дизајн на банер
Дизајн на презентација
Дизајн на новости
Дизајн на меморандум
Сите материјали треба да бидат изработени во три јазични верзии: македонски, ромски и англиски јазик.
Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати потребно е да достават понуда по електронски пат на следната е-mail адреса: inicijativanazeni.sutoorizari@gmail.com
Рок за доставување на понуди
Крајниот рок за доставување на понудите е 15 дена од датумот на објавување на јавниот повик, односно најдоцна до 20.05.2024 година.
Hide comments
