Оваа недела сме во Битола, каде што со голема посветеност го реализираме четиридневниот тренинг за социјално претприемништво – простор за учење, инспирација и личен развој.
Во продолжение споделуваме дел активностите од работата со жени и девојки Ромки од Битола. Во рамки на проектот РОМАСНЕ, учесничките активно учат како да ги препознаат сопствените потенцијали, да развијат одржливи бизнис идеи и да ги претворат во конкретни чекори кон економска независност.

